Роденденска продажна акција на Еуролинк Осигурување

На 02 декември 2019 година Еуролинк осигурување одбележува 17 години од започнување со работа на македонскиот осигурителен пазар. Од формирањето до денес, компанијата бележи континуиран раст, и повеќе години се наоѓа на втората пазарна позиција со учество од 13,22% на целокупниот пазар за неживотно осигурување.
Со цел одбележување на годишнината, Еуролинк осигурување организира роденденска акција за дел од најпродаваните осигурителни продукти.

Во рамки на акцијата, која трае од 02.12.2019 до 06.12.2019, физичките лица имаат можност да обезбедат полиса за приватно семејно здравствено осигурување со попуст од 30%! Полисата за приватно семејно здравствено осигурување е уникатен продукт кој овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најдобрите и најмодерни приватни здравствени установи во Македонија и во Европа.
Правните лица, како што се стоматолошки ординации, адвокати, вештаци, сметководители, нотари, извршители, градежни компании и други, во рамки на роденденската акција имаат можност да купат полиса за осигурување од професионална одговорност за 1 денар за првата година со договор од 3 години. Со оваа полиса се обезбедува осигурувањето од одговорноста, општа и професионална, а во случај на потреба Еуролинк осигурување ги презема обврските за надомест на причинетата штета.

Овие поволности се достапни само оваа недела, затоа побрзајте и информирајте се за сите придобивки на 02/15888 или кај најблискиот Еуролинк консултант.