НМ: Госпоѓо Томеска, кои се според вас клучните трендови на македонскиот осигурителен пазар, и што да очекуваме од Еуролинк во блиска иднина?
М. Томеска: Клучен фокус и во следниот период ќе бидат активностите поврзани со едукација и зголемување на свеста на нашите граѓани за бенефитите и неопходноста од осигурителните продукти, како и креирање на лесно разбирливи и сеопфатни продукти по достапни цени кои ќе обезбедат заштита на тоа што го граѓаните го создавале цел живот.
Затоа продолжуваме со актуелизирање на станбеното осигурување и ја прошируваме понудата за групно осигурување на станови и осигурување на индивидуални куќи по атрактивни цени.
За потребите на малите и средните претпријатија креиравме нов продукт за целосна заштита на секој мал или среден бизнис- Бизнис Комплет што претставува сеопфатно осигурување на имотот, опремата, залихите и вработените во тие правни субјекти.
НМ: Први во Република Македонија започнавте со продажба на приватно здравствено осигурување. Кои се главните придобивки од ова осигурување и како функционира во пракса?
М. Томеска:Да, во соработка со Global Benefits Group (GBG)Еуролинк за првапат на македонскиот осигурителен пазар понуди приватно здравствено осигурување за непречено користење здравствени услуги во целиот свет со годишно покритие од 100.000 евра како најмал лимит и опција до 3.000.000 евра по осигуреник.
Во пракса тоа значи дека секој осигуреник кој има потреба од здравствена услуга, може да избере приватна или државна здравствена установа според негова преференција, каде било во светот -исклучиво по негов избор, се идентификува со посебна картичка дека е корисник на приватно здравствено осигурување и ја добива потребната услуга без дополнителни трошоци. Притоа, целата постапка на покривање на трошоците оди директно помеѓу здравствената установа и осигурувачот.
НМ: Од неодамна ги промовиравтеSmart Choice(Мудар Избор) пакети.За каков производ станува збор?
М. Томеска: Оваа осигурување полека си го пробива патот на македонската бизнис сцена, иако законска обврска за ваков вид осигурување постои уште од пред неколку години. Еуролинк, од 2009 година до денеска, во континуитет е лидер на пазарот во осигурување од професионална одговорност и овој тренд ќе го продолжиме и понатака.
Осигурувањето од професионална одговорност е законска обрвска и е наменето за сите: ординации по општа медицина и стоматолошки ординации, туристички агенции, аптеки, адвокати, нотари, сметководители, геодети, проектанти, изведувачи, архитекти, ревизори и.т.н.. и сите тие, иако професионалци во својата област, во текот на работата постои можност да направат грешка и да предизвикаат штета кон трети лица настаната со смрт, повреда на телото како и оштетување или уништување на имотот и финансиите на нивните клиенти.
Со полисата од професионална одговорност, Еуролинк Осигурување обезбедува правна помош и заштита на осигуреникот во судската постапка, ги исплаќа основаните барања за надомест на штета и ги надоместува трошоците на судската постапка.
Од годинава ја проширивме нашата понуда со уникатен продукт – Smart Choice(Мудар Избор) пакети кои освен полиса за осигурување од професионална одговорност вклучува и осигурување на имот и осигурување од несреќен случај – незгода на вработените кај правните субјекти.
Конкретно станува збор за пакетите кои осигурениците може да ги добијат за само 1 денар за првата година доколку станат дел од 3-годишната програма за лојалност, а следните две години, зависно од професијата, осигурителните полиси почнуваат од 2.000 денари.