Почитувани клиенти,
Со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје, Еуролинк осигурување во периодот кој следи ќе работи со редуциран број на вработени заради организирана работа во смени и скратено работно време.
Согласно оваа одлука, работното време на сите наши канцеларии и подружници ќе бид од понеделник до петок, од 08:00 до 14:00 часот.
Еуролинк осигурување, како компанија која постојано вложува во нови технологии и иновативни решенија, останува целосно достапна за сите Вас преку:
- Контакт центарот на телефон 02/15888 достапен 24/7 или преку е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk
- Преку нашата интернет страница и мобилни апликации
- Телефонски кај Вашиот консултант за осигурување или во подружниците низ земјата
Сите осигурителни продукти, услуги и совети Ви стојат на располагање и во период на вонредна состојба.
За контакт со подружниците ширум земјата, покрај редовните телефонски броеви, на располагање Ви стојат одговорните лица во Вашето место:
Ви благодариме на разбирањето и на довербата,
Ваш Еуролинк.