Конкурс за “Еуролинк стипендија”

Конкурс за доделување„Еуролинк стипендија“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје

„Водени од мислата на Абрахам Линколн дека најдобар начин да се предвиди иднината e да се креира од нас самите, како и од сопственото корпоративно искуство и чувство за општествена одговорност и поддршка на вистинските општествени вредности како фундамент на правната држава и демократијата, „Еуролинк осигурување“, со поддршка од над 300.000 верни клиенти, распишува конкурс за стипендирање на 20 најдобри и најперспективни студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, во знак на почит кон знаењето и на солидарност со општеството во кое што живееме, работиме и твориме“ – Олга Костовска, Претседател на Надзорен одбор  на  „Еуролинк осигурување“ А.Д. Скопје

„Еуролинк стипендија“ е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”. За стипендијата ќе можат да аплицираат студенти што ќе запишуваат втора или трета година на додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.  

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: 

– Да е редовен студент во прва или втора година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, 1 циклус (додипломски студии)

– Да има просечен успех од положени испити над 8.50

– Да не е корисник на стипендија од друг давател 

Процесот на аплицирање за „Еуролинк стипендија” ќе се одвива во периодот од 21.05.2014 – 30.09.2014 година.

Кандидатите треба да достават: 

– Уверение за положени испити