Еден денар осигурување од професионална одговорност во првата година
Грешките на докторите, адвокатите, нотарите, ревизорите, сметководителите, проценувачи, фармацевтите… може да се обесштетат доколку фирмата има склучено осигурување од професионална одговорност
Еуролинк осигурување започна кампања со која го промовира пакетот 2+1 Смарт Чоис (Мудар избор), со кој клиентите првата година плаќаат осигурителната полиса од само 1 денар, а другите две години, според редовните цени, почнувајќи од 2.000 денари, зависно од дејноста
Грешките од работењето на адвокатите,докторите,нотарите, ревизорите, извршителите, сметководителите, проектантите, геодетите, туристичките агенции може да се обесштетат доколку фирмата има склучено осигурување од професионална одговорност. „Еуролинк осигурување“ започна кампања со која го промовира пакетот 2+1 Смарт Чоис (Мудар избор).
Со него ординации по општа медицинаи стоматологија, туристички агенции, аптеки, адвокати, нотари, сметководители, геодети, проектанти, изведувачи, архитекти, ревизори, правни лица кои вршат контрола на квалитет или квантитет на стоки, истражување на пазарот, консултантски услуги… имаат можност да се осигураат од професионална одговорност. Со овој пакет за првпат во Македонија лимитот на покривање штети во работењето изнесува до 1 милион евра. Од компанијата велат дека со договорот за лојалност клиентите првата година плаќаат осигурителната полиса од само 1 денар, а другите две години, според редовните цени, почнувајќи од 2.000 денари, зависно од дејноста. Во самиот пакет се вклучени и осигурување на вработените и нивните семејства од незгода како и осигурување на имотот на правниот субјект. Осигурување од професионална одговорност е законска обрвска и е наменето за сите правни лица кои вршат главно интелектуални услуги во прометот.
Сите правни субјекти на пазарот, друштва, јавни претпријатија, установи и самостојни вршители на дејност се подеднакво одговорни спрема субјектите со кои остваруваат деловен однос, доколку, вршејќи ја својата дејност, предизвикаат штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на имотот на трето лице или предизвикаат финансиски загуби. Врз основа на полисата од професионална одговорност, ’Еуролинк Осигурување‘ обезбедува правна помош и заштита на осигуреникот во судската постапка, ги исплаќа основаните барања за надомест на штета и ги надоместува трошоците на судската постапка“, велат од „Еуролинк осигурување“. Од таму додаваат дека предноста на овој тип на осигурување е финансиската стабилност за фирмата, која може да си ги планира трошоците на работењето, но, не може да ги планира загубите кои може да настанат заради оштетување на клиентите.
Од „Еуролинк“ велат дека осигурувањето од професионална одговорност полека го пробива патот на македонската бизнис сцена, иако законска обврска за ваков вид осигурување постои уште од пред неколку години. Со потпишувањето на договорот за овој тип на осигурување, одговорноста за надомест на штета се префрла врз осигурителната компанија. Полисите за осигурување може да покриваат штети направени на трети лица од 50.000, 100.000 па дури и до неколку милиони евра.
А повисоките лимити на осигурување од одговорност, на пример, од над 1 милион се повеќе бараат странските компании кои работата во Македонија, или македонски компании кои соработуваат со странство. Со порастот на бројот на ИТ компании за креирање на софтверски решенија, кои создаваат софтвер претежно за странски партнери, пораснале и барањата за зголемување на пазарниот стандард од 10.000 до 15.000 евра во некој случаи и на 9 милиони фунти.
Инаку, минималната законска осигурена сума иако за некои дејности изнесува до 10.000 евра „Еуролинк Осигурување“ може да ја зголеми и до 500.000 евра.
Од компанијата велат дека кај осигурувањето од незгода, во една полиса може да бидат вклучени сите вработени и членовите на нивните семејства, а покрај ризикот смрт и повреди со стекнат траен инвалидитет се покриваат и трошоците за лекување на сите осигуреници наведени во полисата. „Еуролинк“ засега се единствени на македонскиот пазар кои нудат осигурување од одговорност од клинички испитувања на лекови и медицински помагала. Од компанијата даваат и конкретни примери во кои случаи настанува обесштетување. „За грешно издадени авио билети од страна на една туристичка агенција патниците платиле нови билети а по враќање од странство побарале поврат на своите пари согласно обврските од договорот со агенцијата. Агенцијата ги вратила парите на патниците но потоа побарала надомест на штета од осигурителната компанија а пак а ’Еуролинк од своја страна истата ја надоместил на агенцијата, објаснуваат од „Еуролинк“.
Во целост интервуто можете да го прочитате тука