Читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ доби нов, модерен лик благодарение на компанијата „Еуролинк осигурување“ која финансиски го помогна модернизирањето на просторот во кој студентите учат. Новата читална, која беше уредена со донацијата на „Еуролинк осигурување“ од 8.500 евра, денеска беше пуштена во употреба.
Станува збор за простор со површина од 160 квадратни метри, во блокот Б, на 6 кат, којосвен што има ново внатрешно уредување, доби и комплетно нов инвентар – маси, столиции библиотека, кадешто студентитеможат да ги подготвуваат своите семинарски, колоквиуми и испити.
Проектот е дел од платформата на компанијата за корпоративна општествена одговорност: „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“. Освен со финансиска донација, „Еуролинк осигурување“ се вклучи и со логистичка поддршка, како и со креирање идејно решение за уредување на внатрешниот просторна читалната. Целта на донаторската програма на „Еуролинк осигурување“ е да им се даде неопходната поддршка на студентите, а воедно како општествено одговорна компанија да даде свој придонес во подобрувањето на условите во самиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје.