На 17 Септември се одржа тим билдинг настанот под наслов „Ден за уживање со Еуролинк” посветен на сите вработени во Еуролинк.
Изреката „Ако по утрото денот се познава” се оствари во целост. Сонцето кое го најави денот не следеше од пристигнувањето во Демир Капија до заминување дома.
Амбиентот и местоположбата на кралската винарија „Вила Марија” во целост соодветствуваше на нашата намера за уживање, опуштање и дружење.
Вработените имаа можност да се запознаат со процесот на производство на вино преку повеќе активности: берење и мелење на грозје, тркалање на вински буриња, келнерска трка, затварање на чепови, лепење етикети и дегустација на вина. Во рамките на активностите колегите ги посетија винските подруми каде се чуваат и каде зреат вината.
Денот за уживање со Еуролинк беше заокружен со заеднички ручек кој беше збогатен со музика во живо која поттикна забава со одлична атмосфера.