Еуролинк Осигурување во соработка со еминентниот Скопски Џез Фестивал и Македонска Опера и Балет започна со активности за промоција на станбено осигурување.
Промоцијата се состои од дистрибуција на вредносни ваучери за попуст на нова полиса за осигурување на домот.
Во саботата и неделата, посетителите на концертите на Скопски Џез Фестивал добија вакви ваучери а до крајот на годината, посетителите на Македонската Опера и Балет ќе ја имаат истата можност.
Повелете, ве очекуваме во просториите на Еуролинк Осигурување да го реализирате ваучерот и со тоа да остварите попуст во висина од 500 денари на нова полиса за осигурување на вашиот дом.