ПРИВАТНО ЗДРАвСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Постапка за пријавување штети по основ на приватно здравствено осигурување

Барањето за надомест на штета се поднесува на формулар за осигурување (Образец за пријава на штета), веднаш по завршено лекување.

Потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по приватно здравствено осигурување:

  • Полиса за осигурување;
  • Медицинска документација;
  • Доказ за платени трошоци (фактура, фискални сметки);
  • Трансакциска сметка за исплата на оштетениот/установата што ја извршила здравствената услуга.

Постапка за пријава на штета по завршено амбулантско лекување

Во случај на амбулантско лекување каде клиентот ги платил трошоците за медицинскиот третман, до осигурувачот ја поднесува и скенирана   потребна документација:

  • Трошоци за лекување  
  • Медицинска документација   
  • Трансакциска сметка од осигуреникот,
  • Извод од матична книга на родени (за малолетно лице)

Постапка за пријава на штета за болничко лекување

Доколку осигуреникот има потреба од болничко лекување (со ноќевање во болница), должен е да побара одобрение за користење на здравствени услугу во случај на:

  • Малигно заболување
  • Болничко лекување

Согласно Посебните услови за семејно приватно здравствено осигурување, барањето за одобрение на здравстевни услуги  се доставува во форма на пополнет формулар за авторизација најмалку 10 дена  пред закажаната дата на медицинската процедура или третман.

Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.

 

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа приватно здравствено осигурување, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на pzo@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-392 или 02/3289-341.