За сигурна иднина – ново стратешко партнерство со СОС Детско село

Скопје, 17.04.2024

За сигурна иднина – ново стратешко партнерство на СОС Детско село и Еуролинк осигурување

Еуролоинк осигурување е новиот стратешки партнер на СОС Детско село. Лидерот на пазарот на неживотно осигурување и членка на групацијата ГРАВЕ ја препозна благородната мисија на оваа организација и му се приклучи на големото семејство поддржувачи на СОС Детско село.


„Еуролинк осигурување е одговорна и посветена компанија која во целост го поддржува општеството од кое е дел. Среќни сме што нашата поддршка се проширува и во делот на социјалната и детска заштита и ќе придонесе за подобар живот на многу деца без родители и родителска грижа, како и семејствата во ризик. Верувам дека на овој начин ќе влијаеме врз подигање на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливите категории и ќе поттикнеме и други компании да се вклучат со своја поддршка.“ – рече Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.


Новото стратешко партнерство значи дека уште една компанија ја препознава и оддава признание на заложбата и работата на СОС Детско село, но и уште повеќе, обезбедување на втора шанса за безгрижно детство на многу дечиња без родители и родителска грижа.


„Секогаш е задоволство, но и радост кога нашето семејство расте. Ја поздравуваме иницијативата на Еуролинк осигурување и им посакуваме топло добредојде во нашето големо семејство! И ние и Еуролинк сме посветени на подобрување на животите на луѓето односно децата, сега како партнери пристапуваме кон една уште повозвишена цел – осигурување на иднина со помалку предизвици и повеќе остварени желби и соништа на оние на кои им е најпотребна поддршка, на дечињата без родители и родителска грижа. Верувам дека ќе реализираме заеднички активности под мотото „За сигурна иднина“ баш како резултат на посветеноста на Еуролинк во градењето на подобро општество за сите.“ – изјави раководителката на фондот за собирање средства и комуникации, Силвија Брајовиќ.


Донацијата на Еуролинк осигурување ќе биде наменета за едукативна поддршка на деца од згрижувачките семејства и зајакнување на нивните социјални и комуникациски вештини.