Започна бизнис караванот на Еуролинк

Скопскиот ресторан „Ден и Ноќ“ денес беше домаќин на големиот бизнис-настан организиран од Еуролинк осигурување. Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микрокомпании имаа можност да се запознаат со предностите на Бизнис Kомплет пакетот на Еуролинк, како и да разменат искуства и знаења.
Бизнис комплет претставува сеопфатна осигурителна понуда за целосна заштита на бизнисот преку обезбедување уникатни осигурителни решенија.
Пакетот опфаќа различни осигурувања, како што се осигурување од пожар и други опасности, кражба и разбојништво, кршење стакло, прекин на работа, одговорност и незгода за вработените. Пакетот е предвиден како целосно осигурување за малите бизниси што имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, минимаркети, аптеки, парфимерии, козметички салони, кафулиња и други.
„Еуролинк е посветен кон развивање нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите. Длабоко веруваме дека нашата поддршка им е повеќе од потребна и на малите бизниси за да можат целосно да се фокусираат кон понатамошен раст и развој. Токму затоа, оваа година сме фокусирани кон обезбедување сеопфатни осигурителни решенија што овозможуваат целосна заштита на бизнисот. Имајќи ги нивните потреби, го создадовме Бизнис пакетот, кој обезбедува целосна и достапна заштита на малите бизниси од ризиците што се најчеста закана по нивното работење“, рече Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Денешниот настан е првиот од серијата настани што ќе се одржат низ Македонија како дел од Бизнис комплет караванот на Еуролинк.
Во текот на месец март, Бизнис комплет караванот ќе продолжи со настани и во други градови низ Македонија, и тоа: Струмица, Битола, Прилеп и Штип.
„Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на некој од наредните настани од Бизнис комплет караванот“, додаде Томеска.
Годинава, сите што ќе склучат договор за лојалност на 3 години имаат можност да го добијат Бизнис комплет за само еден денар за првата година, а воедно да добијат и полиса за приватно колективно осигурување за само 300 денари месечно по вработен. Дополнително, работодавците што се вклучиле во програмата за лојалност ќе добијат и бесплатен превентивен задолжителен здравствен преглед за своите вработени.
Еуролинк останува посветен во развивање нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите.