Започна големата наградна игра на Еуролинк осигурување – Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско

Започна големата наградна игра
на Еуролинк осигурување – Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско
 
Денес започнува големата наградна игра на Еуролинк осигурување, „Лесно како клик – Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско“.

Сите оние што онлајн ќе купат полиса за осигурување на домот преку интернет-продавницата на Еуролинк осигурување во период од 9. ноември до 6. декември ќе имаат можност да освојат едно од четирите зимување на Банско и да уживаат во својот зимски одмор.
https://shop.eurolink.com.mk/EurolinkWebShop/shop/wizard?type=property

„Првпат во Македонија овозможуваме осигурување на домот онлајн на едноставен, брз и лесен начин. Токму оваа убава вест сакаме да ја споделиме со сите граѓани и затоа организираме наградна игра во којашто ќе продолжиме со изненадувања и со наградувања токму пред Нова година со четири зимувања во Банско. Покрај наградната игра, обезбедуваме и дополнителен попуст од 10% за секоја онлајн-купена полиса за осигурување на домот“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела, а имињата ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница и на „Facebook“-страницата на Еуролинк.
 ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА“Лесно како клик! Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско!”
1. Назив и седиште на трговското друштво
Огранизатор на наградната игра: “Лесно како клик! Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско!” е Еуролинк осигурување А.Д. Скопје, со седиште на ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Организатор)

2. Услуги и производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра
Наградната игра се приредува заради рекламирање на онлајн станбеното осигурување и поттикнување на јавноста активно да се вклучи во заштита на своите домови на брз и ефикасен начин со купување на онлајн доми комплет полиса за осигурување на домот. 

3. Име, опис и времетраење на наградната игра
Официјално име на наградната игра е: “Лесно како клик! Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско!”.
Наградната игра се состои во наградување на клиентите на Еуролинк осигурување на начин што сите договарачи осигурување кои онлајн ќе купат полиса за станбено осигурување – доми комплет во период од 09.11.2016 година до 06.12.2016 година и ќе ја платат премијата на осигурување учествуваат во наградната игра и се потенцијални добитници на некоја од наградите.
Изборот на добитниците се врши исклучиво по случаен избор.
Наградната игра започнува на 09 ноември 2016 година и трае до 06 декември 2016 година.

4. Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра
Право на учество во наградната игра имаат само полнолетни физички лица кои живеат во Република Македонија, кои во својство на договарач на осигурување во период од 09.11.2016 година до 06.12.2016 година онлајн ќе купат полиса за станбено осигурување – доми комплет и ќе ја платат премијата на осигурување, што претставува основ за учество во наградната игра.
Полисата купена онлајн во периодот од 09.11.2016 година до 06.12.2016 година за која е платена премијата за осигурување, претставува потврда врз чија основа се стекнува право на учество во наградната игра.
Купените полиси во периодот на траење на наградната игра имаат право да учествуваат во сите четири извлекувања наведени во точката 8 од овие Правила.
Добитници на наградите може да бидат само лицата кои ќе се јават како договарачи на осигурување на полисата за станбено осигурување – доми комплет, кои ја платиле премијата на осигурување.
Еднаш извлечен добитник, нема право да учествува во другите извлекувања со истата полиса за осигурување.
Доколку ист договарач на осигурување купи повеќе полиси за станбено осигурување – доми комплет во периодот на траење на наградната игра, со сите купени полиси учествува во наградната игра доколку ја платил премијата на осигурување.

5. Територија на која се приредува наградната игра
Наградната игра се организира и спроведува на територијата на Република Македонија.

6. Податоци за наградите, поединечна вредност на секоја награда и вкупна вредност на фондот на награди
Наградите  во наградната игра се:

Вид на наградиКоличествоПоединечна цена со ДДВВкупна цена со ДДВ
Зимување за двајца во Банско, Р. Бугарија4 награди9,140,00 денари36.560,00 денари

Во секое извлекување ќе се додели по една награда од целокупниот награден фонд.
Износ на вкупниот награден фонд за целата наградна игра изнесува:  36.560,00 денари.

7. Услови за учество во наградната игра и тек на постапката на приредување на играта
Во наградната игра имаат право на учество само полнолетни граѓани на Република Македонија кои во период од 09.11.2016 година до 06.12.2016 година онлајн купиле полиса за станбено осигурување – доми комплет и ја платиле премијата на осигурување.
Право на учество во наградната игра имаат само полнолетни физички лица кои живеат во Република Македонија, кои во својство на договарач на осигурување во период од 09.11.2016 година до 06.12.2016 година онлајн ќе купат полиса за станбено осигурување – доми комплет и ќе ја платат премијата на осигурување, што претставува основ за учество во наградната игра.
Добитници на наградите може да бидат само лицата кои ќе се јават како договарачи на осигурување на полисата за станбено осигурување – доми комплет, кои ја платиле премијата за осигурување.
Еднаш извлечен добитник, нема право да учествува во другите извлекувања со истата полиса за осигурување.
Доколку ист договарач на осигурување купи повеќе полиси за станбено осигурување – доми комплет во периодот на траење на наградната игра, со сите купени полиси учествува во наградната игра доколку ја платил премијата на осигурување.
Вработените во „Еуролинк осигурување“и вработените во Агенција за маркетинг комуникации и услуги МЕККЕН-ЕРИКСОН ГРУП ДОО увоз-извоз Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра.

8.Постапка и контрола на извлекување на имињата на добитниците на награди
Организаторот ќе состави листа на сите учесници во наградната игра, од која потоа со посебен софтвер, исклучиво по случаен избор, ќе се извлекуваат добитниците на наградите. Во извлекувањето на добитниците нема да влијае човечки фактор.  Извлекувањето ќе се врши во просториите на седиштето на Еуролинк осигурување во присуство на Комисија составена од тројца вработени од Еуролинк осигурување која ќе врши контрола на извлекувањето на наградите.
Извлекувањето ќе се врши на датумите подолу – среда во 12,00 часот, последователно четири седмици и тоа:

  • на 16 ноември 2016 година – ќе се извлекува наградата зимување за двајца во Банско во вредност од 9.140,00 денари
  • на 23 ноември 2016 година – ќе се извлекува наградата зимување за двајца во Банско во вредност од 9.140,00 денари
  • на 30 ноември 2016 година – ќе се извлекува наградата зимување за двајца во Банско во вредност од 9.140,00 денари
  • на 07 декември 2016 година – ќе се извлекува наградата зимување за двајца во Банско во вредност од 9.140,00 денари

По завршување на извлекувањето членовите на Комисијата ќе извршат проверка дали извлечените добитници ги исполниле условите за учество во наградната игра од точката 7 од овие Правила и ќе состават Записник за извлекувањето.

9. Објавување на добитниците на наградите
Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавувани на веб страната на Организаторот www.eurolink.com.mk и фан страната на Фејсбук www.facebook.com.mk/eurolinkmk во рок од 2 работни дена од секое поединечно извлекување.

10. Подигање и користење на наградите
Ваучерите за наградите „Зимување за двајца во Банско“ ќе може да се подигнат од седиштето на Организаторот најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на имињата на добитниците на наградите, при што наградите ќе може да се искористат во период од 19.01.2017 до 22.01.2017 година.
Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет/услуга.
Наградите ќе се подигаат на адресата на Организаторот, ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје.
Доколку добитникот од која било причина не е во можност лично да ја подигне наградата, може да назначи лице кое тоа ќе го стори во негово име со претходно известување на Организаторот.
Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот.

11. Начин на запознавање со правилата на наградната игра
Правилата на наградната игра ќе бидат објавени пред почеток на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, на веб страната на Организаторот www.eurolink.com.mk и фан страната на Фејсбук www.facebook.com.mk/eurolinkmk

12. Право на приговор
Секој учесник во наградната игра има право на приговор против Организаторот, во рок од 5 (пет) дена од објавување на резултатите по секое извлекување, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 (три) работни дена од денот на неговото поднесување.

13: Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да биде прекината во случај на постоње на  виша сила, вклучувајќи ја неможноста организаторот да ја изведе наградната игра од причини независни од неговата воља. Во овој случај, организаторот треба да ги информира потрошувачите за прекинување на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинот преку соопштение во медиуми.

14: Евентуален спор
Во случај на спор помеѓу организаторот и учесниците во наградната игра, доколку истиот не може да се реши спогодбено, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје.

15. Задолжителни правила
Сите учесници се обврзани да ги почитуваат правилата на наградната игра.
16. Рекламирање
Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми.