130 деца од Скопје, Кавадарци и Пробиштип и ова лето пливаа и уживаа со пливачките школи организирани од Еуролинк Осигурување

Вчера на градскиот базен во Пробиштип се одржа завршниот час од третата по ред пливачка школа за оваа година „Пливај и уживај“, организирана од Еуролинк осигурување. Поаѓајќи од минатогодишните позитивни искуства, и оваа година Еуролинк осигурување им овозможи на 130 деца да пливаат и да уживаат со пливачките школи во Скопје, Кавадарци и во Пробиштип.
Децата на возраст од 8 до 12 години успешно ги совладаа четирите основни техники во пливањето без помош на пливачко помагало – пловка. Наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата (Американска програма за обука на деца непливачи) под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим.
 На завршниот час од секоја школа на учесниците им беше доделена диплома за успешно завршена пливачка школа.
Пливачката школа на Еуролинк има повеќекратни бенефити за децата, кои освен што учат да пливаат, склучуваат нови пријателства и стекнуваат нови искуства.
Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност, ,, Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’ во која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, уметноста и на културата во Република Македонија.