Успешно заврши Летната балетска школа на ,,Еуролинк осигурување’’

Вчера во големата балетска сала при ДМБУЦ ,, Илија Николовски – Луј’’, се одржа завршниот час од Летната Балетска школа организирана од Еуролинк Осигурување. Балетската школа започна на 19 јуни и во период од три недели младите балерини и балетани ги изучуваа вештините и основните техники во класичниот балет.
 
Летната балетска школа помина со многу забава и нови пријателства, а на завршната претстава која беше подготвена со многу љубов и труд, малите учесници пред своите родители презентираа што научиле во изминатите три недели. На тој начин се заокружи неколку неделното дружење и изучување на класичниот балет.
Еуролинк Осигурување заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена балетска школа.
Активноста е дел од Платформата за Корпоративна општествена одговорност, ,, Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.