150 учесници во “Мапа на културата” на Еуролинк го запознаа Галичник

На 2 јуни 2018 година, 150 учесници го посетија Галичник, како дел од туристичката прошетка насловена ,, Мапа на културата’’, организирана од Еуролинк осигурување. Планинското село кое лежи на надморска височина од 1.150 до 1.450 метри е убаво во сите годишни времиња, а ги фасцинира посетителите и со својата автентична македонска архитектура, со богатото културно наследство и восхитувачките пејсажи. Посетителите на бесплатната еднодневна екскурзија, уживаа воубавината на Мијачкиот регион и  уникатноста на селото Галичник, по специфичните архитектонските обележја на тамошните куќи расфрлени по стрмниот терен на селото. Ја посетија црквата која се наоѓа во срцето на селскиот атар – Св. Петар и Павле, каде секоја година на Петровден се одржува надалеку прочуената Галичка свадба како и   малиот селски музеј Вила Доста каде се изложени делата на големиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски.


Денеска Галичник е само туристичка дестинација, живеат само двајца жители бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено.  Се вративме дома побогати за уште едно незаборавно патување, кое не врати во времето на нашите предци. Компанијата повторно ги потврди своите заложби за негување на вистинските вредности, и им овозможи на пријавените учесници да се запознаат со убавините на нашата татковина. Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност ,, Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.