Со “Мапа на културата” на Еуролинк во Галичник

Еуролинк осигурување во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, веќе петта година по ред ја организира бесплатната туристичка тура насловена како „Мапа на културата“.
Овој пат, над стотина граѓани ќе имаат можност да ги слушнат преданијата за селото Галичник раскажани од најстариот жител на Галичник, дедо Павле Лукановски.
На целодневната прошетка, учесниците ќе се запознаат со историјата на најстарото село во Mијачкиот регион, автентичната македонска архитектура типична за тој крај, која претставува белег на нашата историја, и ќе уживаат во природата и незаборавната глетка.
Галичник е надалеку познат и по Галичката свадба, која е најпозната манифестација во Галичник и се одржува секоја година на Петровден уште од далечната 1963 година.  Во селото постојат две цркви: „Св. Петка“, која потекнува  од 19 век, и „Св. Петар и Павле“, која е изградена во 1930 година. Во срцето на селскиот атар се наоѓа малиот селски музеј „Вила Доста“, каде што се изложени делата на познатиот Mакедонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски. Нашиот познат Mакедонски писател Петре М. Андреевски рекол: „Aко Македонија е библиска земја, тогаш Галичник е нејзината посебна реликвија“.
Со реализација на овој проект, Еуролинк осигурување им овозможува на граѓаните од Република Македонија да дознаат повеќе за културните богатства на нашата држава и за подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото културно наследство.
Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, може да се пријавуваат од денес 21.5.2018 до 27.5.2018 на следната електронска адреса: mapanakulturatа@eurolink.com.mk, со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Првите 150 пријавени кандидати ќе бидат избрани за  учесници на еднодневната екскурзија со посета на Галичник и истите ќе бидат телефонски известени.  Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот. Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 2.6.2018 година (сабота), со поаѓање во 8:30 часот, на паркингот пред  „Дрво декор“, спроти „Холидеј Ин“.