Двојно интервју за „Економија и бизнис“

Во новиот број на магазинот „Економија и бизнис“ со наслов: „Осигурувањето ги штити најважните работи во животот“ објавено е двојното интервју со м-р Клаус Шајтегел, новиот претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување и м-р Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Во продолжение пренесуваме само мал дел од целото интервју.

Уделот на пазарот на групацијата ГРАВЕ во македонскиот осигурителен сектор сега расте и станува значаен. Каков е планот во однос на позиционирањето на Групацијата и нејзините три компании на пазарот?

Клаус Шајтегел: „ГРАВЕ го презеде „Еуролинк осигурување АД Скопје“ неодамна, во март 2020 година, која е најдобро етаблираната компанија за неживотно осигурување на пазарот. Така, ГРАВЕ беше во можност да ја достигне лидерската позиција на осигурителниот пазарот во Северна Македонија и успешно да го заокружи својот влез во бизнисот со неживотно осигурување.“

Еуролинк осигурување стана дел од групацијата ГРАВЕ во март 2020 година

Дали има промени во работењето на Еуролинк од промената на сопственичката структура? Која беше најголемата промена во секојдневните деловни активности и што очекувате да биде најголема придобивка по преземањето од групацијата ГРАВЕ?

Марија Томеска: „Станувањето дел од групацијата ГРАВЕ дополнително ја зголемува финансиската стабилност на Еуролинк, според строгите регулативи на ЕУ. Понатаму, ние добиваме пристап до знаење и експертиза што се гради повеќе од 190 години и убедена сум дека ова ќе донесе дополнителен квалитет на нашите услуги, одличност и стабилност, во полза на нашите клиенти.“

Во целото интервју достапно во печатеното издание на „Економија и бизнис“ или на интернет страницата, ќе прочитате какви новини донесе промената на сопственичката структура со која Еуролинк осигурување е дел од големото семејство на групацијата Grawe.