Еуролинк осигурување А.Д. Скопје ќе ја поддржи Калиопи на нејзиниот настап на Евровизија, кој ќе се одржи на 24 – ти мај оваа година. Осигурителната компанија ќе обезбеди финансиски средства за покривање на трошоците поврзани со подготовката на настапот на Калиопи и сите членови на придружбата како и трошоците за патот и престојот.
Во Баку, Македонија ќе биде претставена со композицијата „Црно и бело“. Автор на музиката и аранжманот е Ромео Грил, а автор на текстот е Калиопи.
„Драго ни е што ни се даде шанса да помогнеме и да го поддржиме овогодинешниот македонски претставник на најголемиот европски фестивал, Евровизија. Среќни сме и чест ни е што сме дел од големата еуфорија поврзана со Евровизискиот фестивал и се надеваме дека Калиопи ќе постигне голем успех и ќе успее да се квалификува за финалето на 26 Мај.“ – изјави извршниот директор на Еуролинк, Александра Наќева Ружин.
Еуролинк осигурување АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои се од особена важност за Република Македонија. Осигурителната компанија ќе остане љубител на музиката на Калиопи преку вклучување на музичката ѕвезда во програмата на престојната прослава по повод јубилејот од 10 години постоење на Еуролинк Осигурување.