Еуролинк Осигурување АД Скопје на втората позиција на пазарот на осигурување во Република Македонија

Заклучно со третиот квартал 2011 година, Еуролинк Осигурување АД Скопје се позиционира на второто место на пазарот на осигурување во Република Македонија со полисирана премија од 611 мил. денари.
Друштвото и понатаму е водечка компанија во осигурителната индустрија во земјата во имотните осигурувања, осигурувањето од одговорност и патничко осигурување.
Втората позиција на пазарот Друштвото ја потврди во третиот квартал од годината.
Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување за третиот квартал од 2011 година, од 11 осигурителни компании во неживотното осигурување, ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД е на второ место, со полисирана премија од 297 милиони денари и 17,1% учество на пазарот на неживотно осигурување.Извор АСО 2012