Еуролинк осигурување на првата пазарна позиција во 2023 година

Г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување во интервју за Bloomberg Adria говори за одличните резултати на Еуролинк и искачувањето на првата пазарна позиција.

„Заклучно со април 2023 година, Еуролинк осигурување е на првата пазарна позиција со 540 милиони денари бруто-полисирана премија, а тоа покажува одличен почеток на годината. Можеме да бидеме горди на овие резултати и на довербата што ни е дадена од нашите клиенти, соработници и од нашиот тим.
Моќниот почеток на оваа година покажува дека конзистентноста и истрајноста во деловната стратегија насочена кон одржлив и умерен раст носи резултати.” – изјави г-ѓа Томеска.

Целото интервју, во кое говори за резултатите на компанијата со посебен акцент на експертизата во класата на имотно осигурување, прочитајте го на овој линк.