Еуролинк осигурување третпат организира бесплатна туристичка тура со наслов „Мапа на културата“

„Мапа на културата“ е дел од платформата за општествена одговорност „Еуролинк- Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

Туристичките прошетки што се дел од проектот „Мапа на културата“ ќе се реализираат во текот на целата година во неколку етапи и ќе се посетат повеќе локации и знаменитости низ цела Македонија.
Со новиот концепт на реализација на овој проект, Еуролинк овозможува граѓаните на Р Македонија да дознаат повеќе за културните богатства и локалитети низ целата држава.

 Првата дестинација е посета на археолошкиот локалитет „Стоби“.

Сите заинтересирани ќе можат да се пријавуваат од денеска, 17 октомври, до 21 октомври 2016 год – петок на следната електронска адреса: mapanakulturata@eurolink.com.mk. со испраќање име и презиме, возраст и телефон за контакт.

„Еуролинк осигурување” ги покрива сите трошоци за организација на настанот што вклучуваат логистика, професионални водичи, билети за посета на локалитетот, како и подароци и освежување за учесниците во турата.Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 29.10.2016 – сабота со поаѓање од Дрво Декор во 10.00. Неколкучасовната посета претставува и уникатна можност учесниците да ги чујат интересните приказни за ова аерхеолошко пронаоѓалиште и белег на нашата историја и да ја искористат можноста преку прашања и дискусии со водичите да дознаат што повеќе за убавините на нашата држава.