Избрани стипендистите на Еуролинк стипендија за 2018 година

Почитувани студенти,
Со големо задоволство ја објавуваме петтата генерација на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, стипендисти на Еуролинк стипендија.
Веруваме дека оваа стипендија ќе претставува дополнителен поттик за што поуспешно да ги завршите своите студии со висок успех, да ги изградите своите кариерни патишта и да го дадете својот придонес во градење на среќно и праведно општество. 
Им честитаме на:

Стипендисти на додипломски студии: 
1. Анита Николовска
2. Никола Василкоски
3. Антоанета Ристоска
4. Драгана Бојковска
5. Анастазија Велкова
6. Алмира Фасљич
7. Ема Стојановска
8. Марија Аврамовска

Стипендисти на постдипломски студии: 
1. Вилдан Дрпљанин
2. Петар Митрески
3. Ангел Симов
4. Вангел Ѓорѓиев
5. Иљир Бафтијари
6. Магдалена Недановска
7. Ивана Ужевска
8. Кристијан Милошевиќ
9. Александра Готиќ
10. Ениса Рами
11. Емилија Симовска
12. Лејла Тутиќ
13. Кристина Јакимовска
14. Филип Јовиќ
15. Беба Жагар
16. Атанас Аврамов
17. Оливера Ѓорѓиева
18. Тамара Јовановиќ
19. Горазд Ралев
20. Христијан Кипровски
21. Надица Упчева
22. Ивана Балтовска

Одборот за доделување на „Еуролинк стипендија“ во состав: г-ѓа Олга Костовска – Претседател на надзорен одбор на Еуролинк осигурување, проф. д-р Неда Здравева продекан на Правен факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Ирена Рајчиновска – Пандева продекан на Правен факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, доцент д-р Ана Чупеска – Станишковска, доцент д-р Александар Спасов, ја направи селекцијата на овогодинешните апликанти по претходно зададени критериуми. 
Еуролинк осигурување веќе петта година по ред ја реализира програмата за стипендирање на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, како дел од платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“. Висината на стипендијата за додипломски студии изнесува 40.000 денари, додека висината на стипендијата за постдипломски студии изнесува 60.000 денари и е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање.