Патувањата полека но сигурно се враќаат на задоволство на сите! Сепак, повеќето земји поставија услови без кои влез во земјата не е возможен, а негативен PCR тест за Ковид-19 е еден од најчестите услови за влез. Имајќи предвид дека се работи за неопходен, но значителен трошок, Еуролинк осигурување обезбеди повластени цени за PCR тестови за нашите осигуреници кои купиле патничка полиса, и истите чинат од 950 до 1.900 денари. Брзите антиген тестови за патување чинат од 900 до 1.000 денари.
За да го искористите попустот доволно е при тестирањето да ја приложите патничката полиса од Еуролинк осигурување. Условите важат со сите патнички полиси, без разлика дали се купени во нашите филијали, онлајн од нашата веб продавница или кај нашите соработници, а повеќе информации за лабораториите каде можете да добиете повластена цена за тестирање можете да добиете на 02/15888, достапни 24/7.
За полесно планирање на вашето патување, во услови кога сите земји често ги менуваат правилата за влез, потребно е да ги имаат вистинските информации во вистинско време, за што ние ќе ви помогнеме. Ги обезбедивме и редовно ги ажирураме информациите со условите за влез во соседните земји и за најчестите дестинации за летување, достапни на овој линк.
Не заборавајте дека патничкото осигурување на Еуролинк покрива лекување од Ковид-19 и е единственото патничко на пазарот кое покрива трошоци за враќање дома во случај на Ковид-19.
Кликнете, информирајте се на време, купете најдобро патничко осигурување и не дозволувајте ниту едно изненадување да ви го расипе заслужениот одмор!
Заслужувате одмор! Заслужувате да патувате безгрижно!