Започна Еуролинк зимската школа по уметнички лизгање

Започна зимската школа по уметничко лизгање на Еуролинк осигурување, во која 40 деца, на возраст од 6 до 14 години бесплатно ќе ги изучуваат основните техники по уметничко лизгање  на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
 Школата ќе трае од 1. до 21. март 2017 година, најмладите учесници започнаа со совладување нови вештини од оваа елегантна зимска спортска дисциплина под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање, Ксенија Јаштшењски Симиќ.
Целта на зимската школа за уметничко лизгање е да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин. „Еуролинк осигурување“ на избраните учесници им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во, брендирана опрема и лизгалки.
Сите учесници кои успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество, кои ќе им бидат доделени на завршната претстава која ќе се одржи пред нивните родители и роднини.
Проектот е организиран во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.
„Еуролинк на учесниците во зимската школа по уметничко лизгање им посакува да уживаат и да се забавуваат“.