ИМОТ

Постапка за пријавување штети по осигурување имот

Во случај на штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од незјиното настанување на  образец  “пријава на штета”, на еден од начините наведени во делот * Општа постапка за пријава на штети “

Кога ќе настане осигурен случај, до доаѓање на овластен преставник на осигурувачот , осигуреникот е должен:

  • Веднаш да преземе сè што е во негова можност за да ги ограничи неговите штетни последици и при тоа да се придржува кон упатствата што му ги дал осигурувачот или негов претставник,
  • Во сите случаи предвидени со посебни прописи, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, кражба, провална кражба, разбојништво и сообраќајна незгода, да го пријави случајот на надлежниот орган за внатрешни работи, да наведе кои предмети се уништени, односно оштетени или се исчезнати при настанувањето на осигурениот случај,
  • Веднаш по настанувањето на осигурениот случај, ако тоа е можно, односно кога тоа приликите го дозволуваат, на осигурувачот да му достави попис на уништените, односно оштетените предмети со приближно назначување на нивната вредност,
  • До доаѓањето на претставникот на осигурувачот на самото место, да не се менува состојбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е потребна во јавен интерес или поради намалување на штетата, односно поради продолжување со нормално производство.

Договарачот на осигурувањето односно осигуреникот е должен, независно од рокот во кој ја поднел пријавата на штетата, на претставникот на осигурувачот  да му ги даде сите потребни податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.

Извидот на штета се спроведува по правило веднаш по пријавување на случајот, или во термин договорен со проценителот овластен од Друштвото.

Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по осигурување имот:

  • Полиса за осигурување;
  • Пријава или потврда од МВР при пожар или кражба;
  • Потврда од УХРМ за луња или град;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на имот.

Дополнителни документи во зависност од класата на осигурување и остварениот ризик:

а) Осигурување од пожар и други опасности:

Потврда за луња или град

Книговодствена евиденција за осигурени предмети или список на осигурени предмети

Записник за процена на штета

Записник за максимално можно покритие

Фактури за извршена поправка

Понуди за поправка на оштетен објект или предмет

Фактура или понуда за новонабавна вредност на оштетен предмет на ден на штета

б) Други имотни осигурувања:

Книговодствена евиденција за осигурени предмети или список на осигурени предмети

Пописни листи пред и по кражба

Набавни фактури за украдени предмети

Записник за процена на штета

Записник за максимално можно покритие

Фактури за поправка и работни налози

Понуди за поправка на оштетен објект или предмет

Фактура или понуда за новонабавна вредност на оштетен предмет на ден на штета.

Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.

ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа имот, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на imot.odgovornost.transport@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-325, 02/3289-326 или 02/3289-322.

Документи / Формулари