Издадени над 330 000 патнички осигурувања од Еуролинк Осигурување!

Осигурителната компанија Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје, која е лидер во патничко осигурување на македонскиот пазар од 2005 година, деновиве ја издаде 330 000 осигурителна полиса. Овој осигурителен производ има долга традиција во оваа осигурителна компанија специјализирана за неживотно осигурување, а вкупната бруто полисирана премијаостварена од патничко осигурување, од 2003 година до денес, изнесува околу 5 милиони евра.

Полисите за патничко осигурување од Еуролинк се изработени според меѓународни стандарди, вклучуваат широка палета осигурени ризици и се достапни преку бројни дистрибутивни канали на македонскиот пазар. Овозможени се повеќе модалитети на патнички осигурувања:индивидуално, групно, семејно патничко осигурување, патничко осигурување за ученици и студенти, како и бизнис патничко осигурување.

„Бројката од 330 000 издадени патнички осигурувања е само потврда повеќе за довербата која Еуролинк со години ја ужива кај своите осигуреници. Особено на прагот на летната сезона и годишните одмори, Еуролинк осигурување им овозможува на граѓаните најсоодветниосигурителнипокритија,прилагодени токму на нивните потребиипо најповолни цени. Со полисите за патничко осигурување обезбедуваме максимална сигурност при патувањето и брзо и ефикасно надоместување во случај на штета”- изјави м-р Александра Наќева – Ружин, извршен директор на Еуролинк Осигурување- А.Д.Скопје.  
 

Оваа година Еуролинк Осигурување ќе одбележи уште еден значаен јубилеј – 10 години постоење. Освен патничко осигурување, компанијата нуди и атрактивни пакети на други неживотни осигурувања – имотно осигурување, автоосигурување, осигурување од незгода, осигурување од одговорност, а континуирано работи и на креирање на нови производи и осовременување на постојната понуда. Еуролинк ја докажува и својата општествена одговорност, особено со поддршка на културните настани кои се од особена важност за Република Македонија. Од понов датум се поддршката на настапот на поп дивата Калиопи на Евровизија, како и ексклузивното покровителство на 40 тите по ред Мајски оперски Вечери – манифестација која јубилејно ги обединува врвните имиња од македонската и светската оперска елита, како и сите останати љубители на оперската уметност. Исто така, Еуролинк Осигурување А.Д. ќе го поддржи и 11-тото годишно издание на  музичкиот спектакл Офф фест, кој ќе се одржи од 1-5 јуни во Скопје.