Изјава на м-р Марија Томеска, претседател на УО, за очекувањата од 2021

Во изјава за „Економија и бизнис“, м-р Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување, зборува за тоа што можеме да очекуваме од 2021.

Во продолжение пренесуваме дел од нејзината изјава:

„Очекувам година во која сè уште ќе се чувствува силно влијание од здравствената криза, па со тоа целата економија ќе биде во уште потешка состојба пред да почне да закрепнува. Почетокот од годината ќе биде во знак на намалена побарувачка, високи трансакциски трошоци и нарушени работни процеси поради сè уште високиот број на заболени. Во осигурителниот сектор ова ќе се одрази преку отежната наплата, но и намалена потреба за осигурителни решенија за бизнисите.“

Таа додава и дека „приоритет за 2021 година треба да биде воведување нови продукти и вложување во нови технологии што може да придонесе за побрзо закрепнување и да поттикне раст.“

Целосната изјава можете да ја прочитате и на веб страната на „Економија и бизнис“.