Одбележуваме 18 години постоење

еуролинк осигурување 18 години

Овој месец Еуролинк осигурување одбележува 18 години од формирањето.

Еуролинк осигурување е формирана во 2002 година и започна со работа со само 17 вработени. Денес компанијата брои повеќе од 200 вработени и 33 филијали во секој дел од земјата. Особено сме горди на бројката од речиси 600.000 клиенти кои го нашле решението за својата сигурност во Еуролинк.

Од самото формирање до денес, Еуролинк е лидер во промоција на иновативни продукти и се етаблира на македонскиот осигурителен пазар како сигурна и стабилна компанија што нуди уникатни решенија за сигурноста на граѓаните и бизнисите. Покрај во нови и подобрени осигурителни продукти, Еуролинк постојано вложува во нови технологии, па прва на пазарот воведува онлајн продавница за осигурување, мобилна апликација, ја воспоставува првата онлајн филијала за осигурување, а достапно за осигурениците е и електронското пријавување на штети, онлајн плаќање на фактури и рати и 24/7 поддршка.

Во март 2020 година, единствен акционер станува групацијата ГРАВЕ од Австрија, интернационална компанија со долга осигурителна традиција, со што Еуролинк осигурување станува дел од ова големо меѓународно осигурително семејство.

„Оваа година ги достигнавме нашите најголеми деловни успеси – ја достигнавме првата пазарна позиција на почетокот на годината и станавме дел од големото семејство на групацијата ГРАВЕ. Се соочивме и со сите потешкотии кои ни ги зададе здравствената криза, но вложивме многу енергија и труд за да останеме стабилни и со беспрекорна услуга за нашите клиенти. Овие достигнувања се резултат на одговорно работење, долгогодишна стратегија за умерен и одржлив раст, посветеност на иновации, развивање на осигурителниот пазар како и целосна посветеност кон најдобра услуга за нашите клиенти кои ни ја даваат својата доверба за заштита на највредните нешта во животот“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Роденденот ќе биде одбележан со подароци и акции посветени на нашите клиенти, кои се нераскинлив дел од оваа годишница.