Еуролинк осигурување започнувасо Веб продажба на осигурителни полиси
– Прва интернет продавница за осигурување во Република Македонија
Еуролинк осигурување е во процес на воведување веб продажба на осигурителни полиси. Со помош на иновативниотсервис е-полиса, на граѓаните во Македонија за прв пат ќе им биде овозможено купување полиси преку интернет, од удобноста на својот дом.
Услугата е-полисаќе биде овозможена преку Веб страницата на Еуролинк. Преку брзо и едноставно регистрирање, клиентите во првата фаза од проектот ќе можат да договорат осигурување за патување во странство. Во процес е и воведувањевеб продажба и за останатите индивидуални линии на осигурување, како што се каско и авто осигурување моторни возила, домаќинско осигурување.
Процедурата на е-полиса е сигурна и брза, а плаќањето се одвива по пат на платежни картички. По успешно извршената процедура на плаќање, на мејл адресата на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено.
„Со воведување веб продажба во осигурителниот сектор во Република Македонија, Еуролинк осигурување одговара на динамичниот начин на живеење на клиентите и на љубителите на интернет купувањето. Како современа финансиска институција, достигнувањата во дигиталната технологија во континуитет ги применуваме во полза на осигурениците. Воведувањето на веб продажбата всушност претставува проширување на веќе воспоставената интернет продажба, овозможена за нашите надворешни дистрибутивни канали. Воедно, се заокружува 24-часовната поддршка, која како концепт Еуролинк го воведе на пазарот на осигурување во земјата уште во 2009 година.” -изјави м-р Александра Наќева Ружин, извршен директор на Еуролинк осигурување.
Купете е-полиса од Еуролинк Осигурување, 24 часа дневно, 365 дена во годината!