Финансиските средства не може да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме.
Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку настанат следниве несакани последици:
- Смрт од несреќен случај – незгода;
- Траен инвалидитет од несреќен случај – незгода;
- Трошоци за лекување од несреќен случај – незгода;
- Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај – незгода.
Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода.
Информирајте се подетално за можностите:
- Колективно осигурување работници од последици на несреќен случај;
- Oсигурување членови на домаќинство на земјоделски производители;
- Комбинирано осигурување пензионери;
- Осигурување лица при вршење противпожарни и други спасувачки дејности;
- Осигурување членови на културно-уметнички друштва;
- Осигурување ученици и студенти;
- Осигурување гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови, бањски лекувалишта и сл.;
- Осигурување посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби;
- Осигурување туристи и излетници;
- Осигурување претплатници на струја, гас и сл.;
- Осигурување претплатници на списанија, вложувачи на штедења и сл.;
- Осигурување демонтери на мини, гранати и др ги експлозивни средства;
- Осигурување каскадери и лица шѕо учествуваат во акробации и други опасни сцени при снимање филмови од последици на несреќен случај;
- Осигурување лица за време на феријално летување, зимување и логорување;
- Осигурување ученици на курсеви за пливање и скијање;
- Осигурување гонители во лов;
- Осигурување нуркачи;
- Доброволно осигурување патници во јавен сообраќај;
- Осигурување доброволни дарители на крв;
- Осигурување членови на планинарски сојуз;
- Осигурување членови на ловни и риболовни организации.
Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години, без разлика на професија и занимање, може да стане наш осигуреник.
Дефиниција за несреќен случај во согласност со условите за осигурување
Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој, дејствувајќи од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица целосен и делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа, нарушување здравје што бара лекарска помош и смрт.
Од незгода може да се осигурите како поединец, како член на семејство и припадник на група.
Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба, кои професионално ќе го оценат ризикот на кој се изложени Вашите вработени, односно членови и ќе го понудат најадекватното покритие со ризици со кои се обезбедува заштита.
* Траен инвалидитет се смета за трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел, односно орган на телото според Табелата за определување процент на траен инвалидитет.
** Осигурувачот исплатува дневен надомест во износ договорен со полисата, за онолку денови колку што траела неспособноста за работа – боледувањето, но не повеќе од 200 денови во една година.
*** Осигурувачот исплатува надомест за сите нужни и фактички трошоци за лекување што според прописите на Законот за задолжително здравствено.