Ова осигурување ги покрива сите загуби или оштетувања на осигурената стока, настанати како непосредна последица од сообраќајна незгода, елементарни непогоди, оштетување на стоката при паѓање колети од возилото, пожар, експлозија на мотор или бензински резервоар, неиспорака, делумна кражба, кражба на целиот товар, разбојништво, одронување, штети настанати при натовар и растовар на стоката и сл.
Со полисата за осигурување на стоки во транспорт се покриени следниве ризици:
- Расипување расипливи стоки (овошје, зеленчук, млечни производи,месо и сл)
- Смрзнување, стврднување, одмрзнување и сл.;
- Самозапалување и самоексплозија;
- Кршење леснокршливи стоки (стакло, порцелан, керамика, мермер и сл.);
- Угинување животни;
- Превоз на пари, валути, племенити метали, реткости и сл.;
- Превоз на вонгабаритни стоки;
- Превоз на стоки што не се фактурираат (амбалажа, стока на консигнација, интерен превоз);
- Предмети тешки над 20 тона;
- Течење масло кај трансформатори;
- Кусок од непознати причини;
- Превоз и пренос на скапа опрема (предаватели и сл.) на место на монтажа.
Исклучени ризици:
- Лоша намера или груба небрежност од страна на осигуреникот;
- Непостоење и недавање упатства за начинот на превоз од испраќачот и осигуреникот;
- Користење несоодветни средства за превоз на дадената стока;
- Несоодветно или неправилно пакување, товарење, редење и недоволно заштитени стоки во превозното средство;
- Пропусти на осигуреникот – испраќачот или приемачот и неговите работници и лица што работат по негов налог;
- Пропуштање да се дадат јасни упатства на превозникот или возачот во врска со начинот на превоз што го бара дадената стока;
- Непочитување на законските мерки при превоз на пратки што го надминуваат пропишаниот габарит и тежина;
- Неправилна и неточна декларација на стоката;
- Штети од незапазен договорен рок за отпрема и прием на пратките;
- Штети што ќе ги предизвика превозникот, а осигуреникот не го сочувал регресното право спрема него;
- Штети од нуклеарна енергија и радијација;
- Штети од војна и штрајк, вклучително со тероризам;
За подетални информации контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба.