ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ

Клучни бројки за Еуролинк осигурување и имотното осигурување

Вашиот бизнис, било да е во сферата на производство, трговија или услуги, е највреден за Вас и мора континуирано да функционира.

Управувањето со компанијата е предизвикувачка задача што во секојдневното работење бара внимателно планирање, организирање, водење  и контрола. Секој стопанственик што е свесен за можните влијанија на природните и други опасности во работењето настојува да ја намали изложеноста на својата компанија преку пренесување на делот на ризикот на осигурителното друштво

Ценејќи ги Вашите вложувања во деловните капацитети, опремата и вработените, со крајна грижа пристапуваме кон Вашиот имот и нудиме целосно осигурување на Вашиот бизнис.

Изложеноста на поединични ризици, меѓу другото, зависи и од дејноста, локацијата во која компанијата се наоѓа. Затоа, за обликување на осигурителниот продукт потребно е да се согледаат повеќе различни фактори. Со осигурувањето на Вашиот имот, го намалувате влијанието на некое од осигурените штетни случувања врз Вашето работење.

Ви нудиме осигурување на целокупниот имот од најзначајните ризици на кои е секојдневно изложен:

  • Осигурување од пожар и некои други опасности;
  • Осигурување машини од кршење;
  • Осигурување компјутери;
  • Осигурување стакло од кршење;
  • Осигурување прекин на работа;
  • Осигурување објекти во градба;
  • Осигурување од кражба и разбојништво;
  • Осигурување објекти во монтажа.

Контактирајте со Секторот за осигурување и Секторот за продажба, каде што во целост ќе Ви биде претставена нашата понуда и, воедно, посочено најсоодветното осигурување за Вас и Вашиот бизнис.

Преземете го документот со клучни бројки за Еуролинк осигурување и за нашето имотно осигурување.

А секогаш можете да го одберете и решението за целосно осигурување на Вашиот бизнис – БИЗНИС КОМПЛЕТ на Еуролинк.