Со осигурување објекти во монтажа се покриени штети што ќе настанат на:
- Металните конструкции со машинска и електроопрема или без неа;
- Машините, машинската и електроопрема, инсталации и апарати, како и основите и темелите, доколку нивната вредност е содржана во вредноста на објектот во монтажа;
- Монтажната опрема и помошните објекти што се опфатени во пресметковната вредност на објектите во монтажа и служат за монтажа (скелиња, помошни згради, брани, дрвени или ѕидани складишта, работилници, мензи), освен стварите што претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот;
- Градежниот дел што се гради исклучително за потребите на објектите во монтажа, а неговата вредност е во целост опфатена во пресметковната сума на објектот во монтажа.
Доколку посебно се договори и се пресмета посебна премија, со осигурувањето може да се опфатат и:
- Веќе постоечките објекти на кои се обавуваат монтажи, поправки, ремонти, санации и сл.;
- Помошен материјал и алат во употреба за изведување монтажа;
- Монтажна опрема и помошните објекти што служат за монтажа и што воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во монтажа;
- Стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода, ствари на нив за време на монтажата на вода или друго;
- Ствари на работниците;
- Деловно-техничка документација, вклучувајќи ја и книгата за монтажа (осигурување на таксирана вредност);
- Основи и темели доколку не се содржани во вредноста на објектот во монтажа.
Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од основни ризици:
- Пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање вода, мраз, мраз и снег, снежна лавина, одронување на земјa, слегнување на земјиште, лизгање на земјиште;
- Монтажна незгода;
- Невештина, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.
Доколку посебно се договори и пресмета дополнителна премија, може да се осигурат и следниве дополнителни ризици:
- Поплава и порој, висока вода и подземна вода;
- Одговорност од дејност на изведувачот на монтажните работи;
- Договорна одговорност на изведувачот на монтажните работи во гарантниот рок;
- Провална кражба.
Осигурени се само оние опасности што се наведени во полисата и за кои е пресметана дополнителна премија.
Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба, каде што во целост ќе Ви биде претставена нашата понуда и, воедно, посочено најсоодветното осигурување за Вас и Вашиот бизнис.