ТРАНСПОРТ

Транспортот на стоки претставува важен дел од Вашиот бизнис. При транспорт се случува транспортираните стоки да бидат оштетени или целосно уништени. 

Ние во Еуролинк Осигурување сме подготвени да го преземеме тој ризик и да Ви овозможиме слободно да се посветите на Вашиот бизнис и да Ве ослободиме од финансискиот шок што може да произлезе поради штетата настаната врз стоките што се транспортираат на Ваш ризик.

Осигурителното покритие што го нудиме важи од моментот на утовар на стоката сè до дефинитивниот растовар во местото на отпрема (од врата до врата), наведено во полисата за осигурување.

Ова осигурување е против сите ризици на кои е изложена стоката за време на транспортот што може да биде поморски, езерски, речен, друмски, железнички, воздушен или нивна комбинација.

Осигурувањето може да се склучи со локално или меѓународно покритие

За подетални информации контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба.