ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ВРАБОТУВА ВО СКОПЈЕ – Соработник во Сектор за човечки ресурси

Еуролинк осигурување е во потрага по мотивиран, комуникативен и
исполнителен професионалец за да го зајакне својот тим во Секторот
за човечки ресурси

Соработник во Сектор за човечки ресурси

ШТО РАБОТИ СОРАБОТНИКОТ:

  • Организира и координира процес на регрутација и селекција на кадидати за вработување
  • Организира воведување на нови вработени во работата
  • Учествува во креирање и имплементација на програми за мотивација на вработени
  • Учествува во креирање и реализација на програми на обуки
  • Учествува во креирање и реализација на настани за вработени
  • Поддршка на секторите во Друштвото при имплементација на програми за вработените
  • Учествува во креирање и дистрибуција на информации до вработени и креира
  • содржина за Интранет страна
  • Администрира информации за вработени во апликации за работа и изготвува извештаи

ШТО ВИ НУДИ ЕУРОЛИНК:

  • Конкурентна плата по договор
  • Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
  • Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
  • Договор за вработување на определено време, 40 часа неделно

Кандидатите треба да имаат: диплома за завршено високо образование, пожелно
познавање на англиски јазик, способност за концизно и јасно изразување (усно и
писмено), способност за работењето во MC Office, силни комуникациски вештини и работа
со интегритет и доверливост.

Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 15.12.2024 на
hr@eurolink.com.mk
или на адреса: Еуролинк осигурување АД Скопје, До: Сектор за
човечки ресурси, ул. „Пиринска“ бр. 23, 1000 Скопје.
Тел. за контакт: 02/3289-311 или 02/3289-315. Рок за избор на кандидати: 45 дена

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг. Личните податоци
наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за
целта за која се побарани. По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на
кандидатите вратени во форма во која се примени.