Со ова осигурување се обезбедува заштита на патниците во јавен превоз од последици на несреќен случај – незгода во случај на смрт, преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување, како и трајно губење на општата работна способност пропишани со Законот за задолжително осигурување во сообраќај.
При регистрација на возила со кои се врши јавен превоз на патници, правното лице што е овластено да обавува јавен превоз на патници, задолжително купува полиса за задолжително осигурување патници во јавен превоз.
Осигурувањето важи за секое лице што заради патување се наоѓа во едно од средствата за јавен сообраќај, како и лицата што се наоѓаат во станичниот простор, пристаништето или во непосредна близина на превозното средство пред влегувањето односно излегувањето, за кое ќе се докаже дека имало намера да патува со односното превозно средство и лица што за време на престојот на возилото во станицата или на местото одредено за влегување и излегување на патниците обавуваат некаква службена работа во врска со работењето со возилата и тоа било на самото возило или вон него.