ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

Финансиските средства не може да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме.

Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку настанат следниве несакани последици:

  • Смрт од несреќен случај – незгода;
  • Траен инвалидитет од несреќен случај – незгода;
  • Трошоци за лекување од несреќен случај – незгода;
  • Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај – незгода.

Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода.

Информирајте се подетално за можностите:

  • Колективно осигурување работници од последици на несреќен случај;
  • Oсигурување членови на домаќинство на земјоделски производители;
  • Комбинирано осигурување пензионери;
  • Осигурување лица при вршење противпожарни и други спасувачки дејности;
  • Осигурување членови на културно-уметнички друштва;
  • Осигурување ученици и студенти;
  • Осигурување гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови, бањски лекувалишта и сл.;
  • Осигурување посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби;
  • Осигурување туристи и излетници;
  • Осигурување претплатници на струја, гас и сл.;
  • Осигурување претплатници на списанија, вложувачи на штедења и сл.;
  • Осигурување демонтери на мини, гранати и др ги експлозивни средства;
  • Осигурување каскадери и лица шѕо учествуваат во акробации и други опасни сцени при снимање филмови од последици на несреќен случај;
  • Осигурување лица за време на феријално летување, зимување и логорување;
  • Осигурување ученици на курсеви за пливање и скијање;
  • Осигурување гонители во лов;
  • Осигурување нуркачи;
  • Доброволно осигурување патници во јавен сообраќај;
  • Осигурување доброволни дарители на крв;
  • Осигурување членови на планинарски сојуз;
  • Осигурување членови на ловни и риболовни организации.

Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години, без разлика на професија и занимање, може да стане наш осигуреник.

Дефиниција за несреќен случај во согласност со условите за осигурување

Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој, дејствувајќи од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица целосен и делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа, нарушување здравје што бара лекарска помош и смрт.

Од незгода може да се осигурите како поединец, како член на семејство и припадник на група.

Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба, кои професионално ќе го оценат ризикот на кој се изложени Вашите вработени, односно членови и ќе го понудат најадекватното покритие со ризици со кои се обезбедува заштита.

* Траен инвалидитет се смета за трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел, односно орган на телото според Табелата за определување процент на траен инвалидитет.

** Осигурувачот исплатува дневен надомест во износ договорен со полисата, за онолку денови колку што траела неспособноста за работа – боледувањето, но не повеќе од 200 денови во една година.

*** Осигурувачот исплатува надомест за сите нужни и фактички трошоци за лекување што според прописите на Законот за задолжително здравствено.