Колективно осигурување работници од несреќен случај – незгода е наменето за сите одговорни правни субјекти што грижата за здравјето и доброто на своите вработени/членови ја ставаат на прво место.
Осигурувањето од последици на несреќен случај на работници обезбедува надомест доколку настанат следниве несакани последици:
- Смрт од несреќен случај – незгода;
- Траен инвалидитет од последици на несреќен случај – незгода;
- Трошоци за лекување од последици на несреќен случај – незгода;
- Преодна неспособност за работа (дневен надомест) како последица од несреќен случај – незгода;
- Смрт поради болест;
- Тешки болести;
- Целосен (100%) траен инвалидитет како последица од несреќен случај – незгода
ЗОШТО ПОЛИСА ЗА НЕЗГОДА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ?
- Можност да ги вклучите членовите на семејството со полиса за колективно осигурување работници.
- Помали трошоци за осигурување.
- Временски и териоторијално неограничено осигурување.
- Можност за плаќање на 12 рати.
- Попуст за еднократно плаќање годишна премија за осигурување.
- Обезбедува финансиска заштита за правниот субјект за несреќите што ќе се случат во работното време доколку правниот субјект ја плаќа премијата за осигурување од свои средства.
Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба, кои професионално ќе го оценат ризикот на кој се изложени работниците и ќе го понудат најадекватното покритие со кое ќе се обезбеди целосна заштита.