ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнисзделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател? Остварете ја целта без оглед на ризиците  со патничкото осигурување на Еуролинк Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за максимален надомест за штета. Нашите осигурувања се изработени според светски стандарди и прилагодени токму на вашите потреби.

Имајќи ги предвид новите околности, Еуролинк осигурување го прилагоди своето патничко осигурување со цел да одговори на предизвици од пандемијата и да им помогне на своите клиенти повторно да патуваат безгрижно! Започнувајќи од 01.10.2020 година, со Измени и дополнување на Условите за патничко осигурување, обезбедуваме покритие и од КОВИД-19, и тоа:

  • Проширено покритие за патничко осигурување кое покрива трошоци за лекување од КОВИД-19 во итен случај
  • Дополнително покритие на сите патни трошоци за непланирано враќање во земјата поради лекување од КОВИД-19 во итен случај. Патните трошоци за превоз ќе бидат покриени за осигуреникот, членовите на потесното семејство и возилото со кое патувале доколку заради лекувањето враќање со возилото не е возможно.

Со нашите полиси за патничко осигурување добивате и попуст на PCR тест за КОВИД-19 во најголемите сертифицирани лаборатории за издавање тест за патување. За повеќе информации за тестирање со попуст јавете се на 02/15888, достапни сме 24/7. 

Со цел задоволување на вашите специфични потреби, може да одберете некој од следниве пакети на покритие:

Опфатени ризици со патничко осигурување Оптимум Премиум

ВИП     

Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај, вклучувајќи и КОВИД-19

Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина

Враќање посмртни останки во земјата
Враќање малолетни деца во Република Македонија
Надомест на телефонски трошоци
Посета на пациент кој е хоспитализиран во странство – превоз и сместување во хотел
Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел
Багаж – кражба, оштетување и уништување  
Багаж – кражба, во моторно возила  
Багаж – задоцнето пристигнување во странство  
Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат  
Трансфер на деловни колеги    
Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот    
Предвремено враќање поради тешка несреќа во делловни простории, фабрика    
Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет    
Враќање моторно возило    
 

Еуролинк Осигурување нуди и посебен дополнителен пакет за патничко осигурување Ски-пакет. 

Ски-пакет покритие важи за зимските спортови скијање и сноуборд, доколку се занимавате со нив исклучиво аматерски.

Ризици опфатени со осигурувањето:

  • Доцнење, губење или кражба на ски-опрема (скии, чевли, штеки, ски-борд) при транспорт;
  • Болест или повреда при зимување;
  • Затворање терени;
  • Лавина или слегнување на земјиште.

Контактирајте со вашиот консултант за осигурување или директно купете полиса за патничко осигурување преку нашата интернет-продавница