SMART CHOICE пакет АРХИПРО за КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАВНИ ЛИЦА ЗА
ПРОЕКТИРАЊЕ, РЕВИЗИЈА, ИЗВЕДБА НА ГРАДБА И НАДЗОР НА ИЗГРАДБА
Почитувани,
Во согласност со член 41-а од Законот за градба, правните лица за проектирање, ревизија и надзор на изградба се обврзуваат да склучат договор за осигурување од одговорност за штета што може да ја причинат при вршење на својата дејност.
Имајќи ги предвид потребата за исполнување на условите од одредбите во Законот за градба и нашата посветеност за развој и промоција на осигурувањето, нашата бизнис-ориентираност и нашето долгогодишно успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, Ви нудиме да склучите осигурување од професионална одговорност според следниве услови:
Осигурителен пакет (вклучени ризици) | АРХИПРО | АРХИПРО ПЛУС |
Осигурување канцеларии од пожар и други опасности со површина до 120 м2
|
||
Професионална одговорност од дејност |
||
Oсигурување на еден работник од незгода |
Оваа понуда е подготвена според Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај, Дополнителните услови за осигурување работници од последици на несреќен случај (незгода), Посебните услови за осигурување на професионална одговорност, Општите услови за осигурување имот и Посебните услови од пожар и други опасности на осигурувачот.
За висината на премијата и специфичните услови контактирајте го Вашиот Еуролинк консултант за осигурување.
Одберете го најдоброто за Вашиот бизнис.