SMART CHOICE пакет ГЕОПРО за КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ ОВЛАСТЕНИ ГЕОДЕТИ
Во согласност со член 177 од Законот за катастар на недвижност (сл.55/13 од 16.4.2013), сите трговци поединци овластени геодети или трговски друштва за геодетски работи се обврзуваат да склучат договор за осигурување од одговорност за штета што може да ја причинат при вршење на својата дејност.
Земајќи ги предвид потребата за исполнување на условите од одредбите во Законот за катастар на недвижности и нашата посветеност за развој и промоција на осигурувањето, нашата бизнис-ориентираност и нашето долгогодишно успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, Ви нудиме да склучите осигурување од професионална одговорност според следниве услови:
Осигурителен пакет (вклучени ризици) | ГЕОПРО | ГЕОПРО ПЛУС |
Осигурување канцеларии од пожар и други опасности со површина до 120 м2 |
||
Професионална одговорност од дејност |
||
Осигурување на еден работник од незгода |
Оваа понуда е подготвена според Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај, Дополнителните услови за осигурување работници од последици на несреќен случај (незгода), Посебните услови за осигурување на одговорност на геодети и Општите услови за осигурување имот и Посебните услови од пожар и други опасности на осигурувачот.
Побрзајте и искористете ја оваа единствена можност за Вашиот бизнис и Вашите вработени. Контактирајте го Вашиот Еуролинк консултант за осигурување.