SMART CHOICE пакет АКАУНТПРО за КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ
Во согласност со член 12 од Законот за сметководствени работи, сметководителите се обврзуваат да склучат договор за осигурување од одговорност за штета што може да ја причината при вршење на регистрираната дејност. Земајќи ги предвид потребата за исполнување на условите од одредбите во Законот за сметководствени работи и нашата посветеност за развој и промоција на осигурувањето, нашата бизнис-ориентираност и нашето долгогодишно успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, Ви нудиме да склучите осигурување од професионална одговорност со пакетот АКАУНТПРО во кој се вклучени следните ризици:
- Професионална одговорност од дејност и
- Осигурување еден сметководител од незгода.
Во 2016 година, во согласност со првично консолидираните податоци за 2016 година од Националното биро за осигурување, Еуролинк петта година по ред го задржува приматот на лидер во класата општо осигурување од професионална одговорност со највисоко пазарно учество од 26% на ниво на оваа класа. Во таа насока Ви го нудиме најдоброто осигурување од професионална одговорност.
Секоја понуда е подготвена според Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај (незгода) и Посебните услови за осигурување на професионална одговорност.
Побрзајте и искористете ја оваа единствена можност. Контактирајте го Вашиот Еуролинк консултант за осигурување.