ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ВРАБОТУВA ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

Опис на работно место:

  • Изготвува и реализира програма за Внатрешна ревизија на Друштвото
  • Спроведува процес на внатрешна ревизија на усогласеност на Друштвото со Законот за супервизија на осигурување, останатите законски и подзаконски акти и интерни акти со кои се регулира работењето на Друштвото
  • Спроведува процес на внатрешна ревизија во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и правилата за вршење на внатрешна ревизија
  • Спроведува процес на внатрешна ревизија за правилна примена и ефикасност на поликите за управување со ризици и методологии на проценка на ризиците при активности на Друштвото
  • Проценува ефикасност на постојните политики и постапки и дадените препораки за подобрувања,
  • Идентификува можности за заштеда на трошоците и препораки за подобрување на ефикасноста на трошоците
  • Извршува посебни истражувања според упатствата добиени од Надзорниот одбор и презема мерки со кои ќе се помогне при  воочување и спречување на измамите или други противзаконски дејствија.
  • Врши внатрешна ревизија на целокупното работење на Друштвото согласно Законот за супервизија на осигурување и упатствата за работа дадени од Надзорен одбор на Друштвото

За избраниот кандидат Еуролинк обезбедува:

  • Конкурентна плата по договор
  • Стручни обуки за подобрување на знаење и вештини во работата
  • Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
  • Договор за работа на неопределено време, 40 часа неделно

Кандидатите треба да имаат:

Диплома за завршен Економски Факултет, лиценца за овластен ревизор согласно Законот за ревизија, активно познавање на англиски јазик (пишан и усен), искуство од најмалку 3 години во областа на внатрешна ревизија.

Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 10.07.2024 на hr@eurolink.com.mk или на адреса:

Еуролинк осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: Пиринска бр. 23, Скопје

Телефон за контакт: 02 32 89 311, 02 32 89 315, 02 32 89 334

Рок за избор на кандидати: 45 дена

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.

По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.