Станете дел од мотивираниот и успешен тим на Еуролинк осигурување!
ШТО РАБОТИ СОРАБОТНИКОТ:
– Учествува во пресметка на техничките резерви согласно одредби од Законот за супервизија на осигурувањето и Правилникот за минимални стандарди за пресметка на техничките резерви од Агенцијата за Супервизија и документирање на актуарски контролен циклус
– Учествува во изработува и верификација на законски пропишани месечни/кварталните извештаи и изработка на актуарски извештаи и анализи во соработка со овластениот актуар
– Ги следи трендовите во осигурителната индустрија и промените во регулативата кои може да влијаат на актуарските пресметки како и примена на законска регулатива во областа на финансии и сметководство
– Учествува во контролира точноста и веродостојноста на актуарските модели и пресметки
– Учествува во развој на осигурителни продукти, подготовка на математичко технички основи за тарифи на премии, анализирање и предлагање на промени во структура на премија
– Учествува во дизајн и имплементација на нови апликативни решенија и измена на постоечки решенија потребни за актуарските пресметки, месечните и кварталните извештаи.
ШТО ВИ НУДИ ЕУРОЛИНК:
– Конкурентна плата по договор
– Можност за професионален развој и усовршување
– Работа во динамична и поддржувачка средина
– Стручни обуки за унапредување на технички и аналитички вештини
– Договор за работа на определено време, 40 часа неделно.
КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ:
Диплома за завршено високо образование од Природно-математички факултет или Факултет за електротехника и информациски технологии или образование во областа на актуарство и статистика
Одлични математички вештини и способност за носење логички решенија
Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
Способност за аналитично работење во MS Office, со одлично познавање на MS Excel
Пожелно претходно искуство на слична работна позиција.
Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 26.10.2025 на hr@eurolink.com.mk или на адреса:
Еуролинк осигурување АД Скопје, До: Сектор за човечки ресурси, ул. „Пиринска” бр. 23, 1000 Скопје.
Тел. за контакт: 02/3289-311, 02/3289-315 или 02/3289-334.
Рок за избор на кандидати: 45 дена.
Напомена:
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.