Одговорен возач е посветен на својата безбедност, како и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Преку грижа за своето возило и одговорно однесување при управување со возилото се минимизираат ризиците за настанување несакан настан.
Еуролинк Осигурување со своите квалитетни покритија од најчестите ризици и професионалната услуга во делот на обесштетување обезбедува грижа за Вашето возило и за Вашата одговорност во управување со возилото во границите Република Северна Македонија и надвор од нив.
Друштвото ги нуди следниве видови осигурувања на моторни возила:
Со полисата од автомобилска одговорност може да ги склучите следниве дополнителни осигурувања:
- Дополнително каско осигурување – стакла од кршење
- Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство – Зелена карта
- Дополнителното осигурување – возач, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење со моторните и други возила
За сите превозници на патници Еуролинк ви нуди и осигурување на патници во јавен превоз.
Контактирајте го Вашиот консултант за осигурување, кој ќе Ви понуди соодветно осигурување за Вас или контактирајте го нашиот контакт-центар „Еуролинк 24“ на телефонскиот број 02/ 15 888 или на електронската адреса eurolink24@eurolink.com.mk.