Сопствениците, односно корисниците на моторни возила, со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани, пред да се вклучат во сообраќајот, да купат полиса од автомобилска одговорност, со која се обезбедува сопственикот од одговорност спрема трети лица за причинети штети што за последици може да имаат: смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето, уништување и оштетување предмети*.
Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Северна Македонија.
Владата на Република Северна Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.
Цената зависи од моќноста на моторот на Вашето возило изразена во KW, на која се пресметува бонус (попуст) доколку во минатите години осигуреникот не предивикал штета/и по овој основ, и малус (доплаток) доколку осигуреникот во минатите години предизвикал штета/и по автомобилска одговорност.
Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат и следните дополнителни осигурувања:
- Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство – Зелена карта
- Осигурување на возачот и патници од последици на несреќен случај – незгода
- Дополнително каско осигурување на стакла од кршење патнички возила, товарни возила и автобуси
Како да постапите во случај ако сте учесник во сообраќајна незгода може да дознаете тука.
Доколку имате веќе регистрирано возило (во било која компанија) и сакате да ја обновите вашата полиса за регистрација на возило, односно за осигурување од автомобилска одговорност, тоа може да го направите и он-лајн на веб продавницата на Еуролинк осигурување.
______________
* Трети лица не се: Лице што управува со моторно возило, сопственик, сосопственик, договарач на осигурување и секој друг корисник на возилото.