ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Глобализацијата на пазарот, во услови на сè поинтензивен технолошки развој и зголемување на бројот на деловни субјекти, го изострува прашањето на одговорноста за надомест на штети предизвикани при вршење на дејноста.

 Сите правни субјекти на пазарот, друштва, јавни претпријатија, установи и самостојни вршители на дејност се подеднакво одговорни спрема субјектите со кои остваруваат деловен однос, како и спрема трети лица*, доколку, вршејќи ја својата дејност, предизвикаат штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на имотот на трето лице или предизвикаат финансиски загуби. 

Ако ризиците во работењето, во крајна линија, не можеме секогаш да ги избегнеме, нивните економски последици секако можеме.

Затоа постои осигурувањето од одговорноста, општа и професионална, преку кое осигурувачот ги презема Вашите обврски за надомест на причинетата штета.

По посебни услови се осигуруваат определени професии и дејности за кои осигурувањето од одговорност е задолжително: 

Контактирајте со Вашиот консултант за осигурување и склучете полиса за осигурување од одговорност.