Вашата кратка професионалн биографија е промотивен документ со кој се опишувате самите себе си пред потенцијалните работодавци.
Прочитајте како да креирате ваша биографија што ќе отскокне од останатите.
На интернет можете да најдете голем избор на веќе предефинирани форми за оваа намена. Истражувањето покажува дека регрутерите скенираат биографија во првите 6 секунди пред да одлучат дали да се продолжи на следно ниво.
Еве некои дополнителни насоки кога станува збор за форматот
- Организирајте ги секциите. Наведете ги деловите според релевантност. Стандардно се започнува со вашето професионално искуство и потоа се додава делот за образование. Се започнува со најскората година за работно искуство и образование.
- Средете го текстот – Треба да бидете концизни, не го пренатрупувајте а големината на буквите да бидат 11 или 12 со соодветен проред.
- Потенцирајте ги важните делови – користете здебелен фонд за да одделите или истакнете важни делови и информации. Насловите на деловите, работни места, имиња на компании може да ги обележите со здебелени букви или со друг фонт.
- Користете булет точки. Поделете ги описите во булет точки за да може информацијата поедноставно да се прочита.
- Некои кандидати употребуваат палети од бои за да се привлечат внимание. Доколку сметате дека таквата биографија нема да привлече внимание, не додавајте палети од бои итн. Воглавно, колку е биографијата почиста и поедноставна, изгледа по професионално.
Не заборавајте да наведете важна информација – вашите контакт детали. Наведете ја на видливо место, на горниот дел од документот. Овој дел треба да вклучи ваше име и презиме, телефонски број, е-маил адреса и поштенска адреса.
Делот за работно искуство, секогаш прилагодете го на работните задачи од објавениот оглас.
Додека го пополнувате овој дел, имајте ги на ум следниве насоки
- Секогаш наведете го називот на работната позиција, името на компанијата, колку време сте работеле таму и краток опис на работните задачи.
- Зборувајте го јазикот од огласот по кој аплицирате. При опишување на претходни работни места, помислете кои специфични вештини се барани во огласот и тие нагласете ги.
- Започнете со глагол. Достигнувањата пишувајте ги со активен глагол не пасивен. Наместо да кажете “Ова работно место бараше креативно мислење….”, напишете “Најдов креативни решенија на проблемите, како на пример…”
Со ова покажувате дека применувате самоиницијативност на вашата работа и дека би придонеле со своите корисни вештини за тимот и компанијата.
- Наведете бројки. На пример, ако работите на организирање настани, наведете број колку настани сте организирале во текот на годината, со кој буџет и број на учесници. Во случај кога не можете да наведете бројки, потенцирајте го вашиот професионален развој. Дајте примери за вештини со кои сте се здобиле и кои одговорности сте ги преземале во различни улоги.
– Направете ја концизна. Не пишувајте се во биографијата, направете ја во согласност со вашите топ вештини и таленти. Ако вашето почетно ниво или студентска работа не се релевантни на позицијата на која аплицирате, подобро е да ги исклучите од вашата биографија.
Информациите за образование се пишуваат после информациите за професионалното искуство, бидејќи е порелевантно за работодавците, освен ако вашето образование не е многу импресивно.
Доколку имате дипломирано или имате повисок степен на образование, не е потребно да вклучувате информација за средно училиште. Повисокиот степен на образование секогаш треба да е наведен прв, односно на пример магистерски пред факултетско образование. Доколку имате добиено некои награди, наведете ги.
Вештини. Важно е да наведете професионални вештини, на пример дизајнирање на веб страна, или програмерски вештини. Доколку зборувате јазици, наведете ги во биографијата.
Слики. Во биографијата не е задолжително да ставате ваша слика.
Хоби. Можете да додадете хоби доколку имате, само доколку е додадена вредност на биографијата. Доколку е веќе преполна, избегнете да додавате хобија.
Волонтерска работа. Волонтерската работа секогаш остава добар впечаток.
Накратко споменете ја во вашата биографија, а особено ако е сродна со работната позиција за која аплицирате.
Лична изјава. Лична изјава се неколку реченици кои накратко ги опишуваат вашите интереси, вештини и јаки страни. Не постои правило дали да додадете ваква изјава или не. Доколку аплицирате за голема компанија, веројатно вашата лична изјава нема да ја прочитаат. Во спротивно, доколку аплицирате за помала компанија, лична изјава може да е корисна.
По пишување на биографија, прочитајте на глас за да бидете сигурни дека звучи професионално, дека нема граматички грешки и дека нема реченици што се повторуваат.