За значењето и неопходноста на осигурувањето од одговорност укажува и законодавецот што за вршењето многу професии пропишал обврска за осигурување од одговорност.
Осигурете ја Вашата професионална одговорност кон клиентите, како и кон трети лица за надомест на штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, оштетување или уништување на имотот или предизвикување финансиска загуба.
Осигурување од професионална одговорност е наменето за сите правни лица што вршат главно интелектуални услуги во прометот – агенциски или застапнички услуги, услуги на економска пропаганда, комисиони услуги, приредување саеми и стопански изложби, контрола на квалитет или квантитет на стоки, истражување пазар, консултантски услуги и друго.
По посебни услови се осигуруваат определени професии и дејности за кои осигурувањето од одговорност е задолжително:
- Проценители
- Сметководители
- Нотари
- Адвокати
- Извршители
- Ревизори
- Стечајни управници
- Брокери
- Геодети
- Аптеки
- Здравствени работници – лекари
- Клинички испитувања
ШТО НАДОМЕСТУВА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ?
Врз основа на полисата од професионална одговорност, Еуролинк Осигурување обезбедува правна помош и заштита на осигуреникот во судската постапка, ќе ги исплати основаните барања за надомест на штета и ќе ги надомести трошоците на судската постапка.
ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ?
- Поради финансиската стабилност: планирајте ги трошоците на работењето, можните загуби не се планираат.
- Посветете се на дејноста: економската и правната заштита препуштете ја на експертите.
- Поради сигурност во работењето: ако ризиците во работењето секогаш не може да се избегнат, одговорноста за нив секогаш може да се осигури.
Контактирајте со Вашиот агент за осигурување за понуда за осигурување од одговорност и најсоодветно покритие во Вашата полиса.