Подготовка за интервју

Додека се подготвувате со вашите квалификации и вештини за престојното интервју, клучно е да антиципирате кои прашања може да ги добиете во самиот процес на интервјуирањето.

Процесот варира во зависност од компанијата и индустријата, но овде се дадени најчестите прашања кои може да ги добиете на интервјуто. Со добра подготовка за одговори ќе направите разлика помеѓу вас и другите кандидати.

Прашања за образование и искуство
  • Дали може да не водите низ вашата кратка биографија? 
  • Кое релевантно искуство го имате за конкретната позиција? 
  • Како вашето искуство е поврзано со барањата за конретното работно место?
Бихевиорални и ситуациони прашања
  • Дали може да ни дадете пример кога сте решиле проблем на работа? 
  • Опишете тешка ситуација со која сте се соочиле на работа и како сте се снашле? 
  • Како се соочувате со конфликт или недоразбирања со колегите?
Прашања за вештини и способности
  • Кои технички вештини ги имате и кои се релевантни за ова работно место? 
  • Како приоретизирате задачи и го менаџирате времето?&nbsp
  • Може ли да ни дадете пример за успешен проект кој сте го завршиле и која била вашата улога во истиот?
Прашања за тимска работа и комуникација
  • Зошто сте заинитересирани за ова работно место и за нашата компанија? 
  • Каде се гледате себеси во следните 3 до 5 години? 
  • Како се соочувате со фидбек од своите надредени и од колегите?
  • Како функционирате во тим?
  • Дали може да ни дадете пример кога сте требале да комуницирате комплексна информација до поширока публика која не ги знае техничките страни на темата?
Цели во кариерата и мотивација
  • Што ве мотивира во кариерата? 
  • Специфични прашања за компанијата. 
  • Што знаеш за компанијата и нашите продукти?
  • Како ќе придонесеш кон компаниските цели?
  • Зошто сакаш да работиш за нашата компанија?
  • Во каква средина се чувствуваш слободен и најпродуктивен?
Прашања кои можете да ги поставите вие како кандидат
  • Дали имате некои загрижености во врска со моите квалификации за ова работно место? 
  • Кои се следните чекори во процесот? 
  • Можете ли да ми кажете повеќе за тимот со кој би работел?

Подгответе специфични примери од вашето искуство преку кои ќе демонстрирате употреба на вашите вештини и квалификации. Исто така, добро е да истражите за компанијата и да ги одговорите овие прашања пред интервјуто.

Со среќа! 

СПОДЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ